Принцезата Леонор, наследничка на шпанскиот престол, ќе студира во Велс


Фото: АП

Шпанија- Наследничката на шпанскиот престол, 15-годишната принцеза Леонор, ќе студира во Велс, објави денес шпанското кралско семејство.

Леонор де Борбон, постара од двете ќерки на кралот Фелипе Шести и кралицата Летиција, ќе студира на UWC Атлантик колеџ, со седиште во замокот Свети Донат од 12 век на јужниот брег на Велс, се вели во соопштението.

Леонар ова лето ќе го започне своето двегодишно студирање и престој во интернат. Таа ќе наполни 16 години на крајот на октомври. Нејзините родители лично ќе го платат студирањето од 67 000 фунти (92.700 УСД, 76.500 евра).

Фото: АП

Училиштето, за ученици на возраст од 16-19 години, вели дека се обидува да ги „инспирира студентите“ кои сакаат да работат за општо добро. Бара ученици кои „можат да се движат низ комплексноста на животот и да го надминат лесниот одговор“, се вели на веб-страницата на училиштето. Во изјавата на кралското семејство се потенцира на „отворениот и критички пристап на училиштето“.

Училиштето вели дека зема ученици од околу 150 земји.

Принцезата Леонор конкурираше анонимно на колеџот, полагајќи неколку тестови пред да биде прифатена, соопшти кралското семејство.

Движењето Обединет светски колеџ вклучува 18 училишта ширум светот, се вели на веб-страницата.(АП)