Принцезата Кејт покрај принцот Вилијам и кралот Чарлс, прв пат по шест месеци на јавен настан


Кејт Мидлтон се појави на балконот на Бакингемската палата од каде со членовите на нејзиното семејство го гледа крајот на денешната прослава на роденденската парада на британскиот крал Чарлс Трети. Таа беше придружувана од принцот Вилијам како нејзин силен поддржувач, откако учествуваше на настанот на коњ. Принцезата од Велс стои до кралот, а снимен е и неговиот обожувачки поглед насочен кон неа. Кејт по шест месеци се врати на јавните настани, а пред три месеци со јавноста сподели дека боледува од рак. Зад нејзиното денешно појавување на балконот од палатата се кријат следните детали.

Погледите од балконот на Бакингемската палата се еден од најсилните впечатоци од денешниот настан, кој е еден од најважните во календарот на Чарлс III, а такви впечатоци има многу.

Кејт Мидлтон и кралот Чарлс денеска се појавија заедно во јавноста за прв пат откако почнаа нивните битки со ракот. Последен пат беа видени на истиот настан за време на Божиќната прошетка во Сандрингам на 25 декември, што беше и последниот јавен настан на принцезата од Велс.

Чарлс Трети се врати на јавните обврски пред неколку недели, често појавувајќи се во јавноста, додека Кејт беше видена само на слики и видеа, како што е нејзината важна видео порака на 22 март, во која објави дека боледува од рак. Кејт имаше голема операција на стомакот, тоа беше на 16 јануари во Лондон – во истата болница каде кралот беше опериран на 26 јануари, поради бенигно зголемување на простатата. Ракот што му бил дијагностициран е поврзан со друг здравствен проблем. Тие ја напуштиле болницата истиот ден, на 29 јануари.

Кејт им се придружи на членовите на кралското семејство за да го гледа спектакуларниот лет на РАФ додека триумфално се враќа во јавниот живот. Нејзината битка со ракот продолжува. Принцезата од Велс ја пропушти пробата за денешната церемонија на 8 јуни, а вчера околу 18 часот најави дека ќе се појави на церемонијата откривајќи детали за нејзиното враќање на обврските.

На денешната церемонија присуствуваат почитувачи на династијата, но и противници на династијата, меѓу кои има и членови на групата „Република“. Стотици полицајци на Метрополитен беа распоредени по церемонијалната рута за да се осигура безбедноста и заштитата на набљудувачите, а се собраа десетици илјади луѓе, пишува Дејли Мејл.
Претходно денеска, Кејт Мидлтон и нејзините деца им мавтаа на насобраните граѓани за време на церемонијата на Trooping the Color.

Таа беше опкружена со други членови на семејството, нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, кој е полковник на велшката гарда, беше на коњ, како и принцезата Ана, полковник на Blues and Royals, и принцот Едвард, полковник на шкотската гарда.

Кејт го направи своето прво јавно појавување порано денеска, со децата, во службено возило.

За разлика од минатата година, Кејт не им се придружувала на постарите членови на семејството на балконот за време на одредени делови од церемонијата, туку гледала со децата од канцеларијата на војводата од Велингтон.

Кејт застана покрај своите деца додека полковите продолжија да парадираат. Можеше да се види како и шепоти нешто на својата ќерка Шарлот.

И принцот Луис овој пат привлече внимание и почна да коментира со своите гримаси. Појавувањето на Кејт Мидлтон е еден од најважните настани во годината и нејзиното големо враќање по повеќемесечна пауза, но и бројни теории на заговор.

Се шушкаше дека Кејт ќе се појави денеска, за вчера да потврди со овие зборови. Таа откри и детали за нејзиното враќање на службените обврски.

Кралот Чарлс III традиционално слави два родендени, неговиот роденден на 14 ноември и неговиот официјален роденден, кој се слави секоја втора сабота во јуни. Монархот беше на овој настан за прв пат во 1951 година со неговата баба, кралицата мајка и неговата тетка, принцезата Маргарет, а тој првпат се претстави како полковник на велшката гарда во 1975 година.