Принцезата Габриела од Монако со шест години веќе е модна икона


Монако– Во розов комплет, патики на „Диор“ и сребрена чанта „Нано“  принцезата Габриела изгледаше како стилска икона како нејзината покојна баба, холивудската актерка Грејс Кели. И исто како нејзината баба, Габриела, русата боб коса, ја покри со соодветна розова шапка.

На свечен настан во чест на патронот на Монако, принцезата Габриела присуствуваше со нејзините родители, принцот Алберт (син на принцезата Грејс) и принцезата Шарлин и нејзиниот брат близнак- принцот Жак.

Без разлика дали како манекенка, филмска ѕвезда или како принцеза, Грејс Кели обично носеше капи на јавни места и приватно и се чини дека нејзината млада внука го наследила нејзиниот стилски талент.

 

Ѝ нејзината мајка, принцезата Шарлин која минатата недела наполни 43 години, со стилот потсетува на филмска ѕвезда, а неодамна ја шокираше јавноста со полуизбричена коса од едната страна и на вратот . (Пипл)