Приказна со среќен крај: Девојка ги пушти коњите пред ураганот Милтон, сите 17 преживеаја
Ураганот Милтон го принуди населението на Флорида да се справи и да се заштити секој на свој начин.
Милиони луѓе ги напуштија своите домови, а на социјалните мрежи кружат многу необични приказни, како напуштеното, врзано куче кое беше спасено од полицијата, до оние кои ја обезбедуваа својата куќа со „каиши“ за да ја заштитат.
Тажната разделба на девојката и нејзините коњи е снимена пред пристигнувањето на ураганот, а ова видео на TikTok има повеќе од 30 милиони прегледи.
Свесна дека имаат поголеми шанси за преживување на отворено, девојката ги обележала коњите со спреј и ги пуштила да излезат од шталата. Таа сними тажно збогување со коњите, мислејќи дека можеби нема да ги види повторно, а сцените ги растажија нејзините следбеници на TikTok.
По ураганот таа објави ново видео во кое ги покажа сите штети нанесени на нејзиниот имот, како и повторното обединување со коњите.
@southern.belle._ Please keep our families and fur babies in your prayers🥹 #hurricanemilton ♬ Rescue – Lauren Daigle
Како што нагласи, сите се здрави и среќни, а на своите следбеници им се заблагодари за поддршката што и ја испратија.