Преживеаните од кибуцот го свртеа својот гнев кон Нетанјаху
Томер Елиаз, 17-годишно момче во кибуцот на Нахал Оз, беше принудено од Хамас да оди од врата до врата и да им каже на соседите да излезат, велејќи дека ќе биде убиен ако не го направат тоа. Неколку излегоа и беа убиени, додека други беа однесени како заложници во Газа – со неколку деца затворени во кафези за кокошки. Откако го искористиле тинејџерот како мамка, исламистичките милитанти го застрелале и него.
На само 800 метри од границата со Газа, Нахал Оз беше една од првите цели на Хамас на 7 октомври, а настаните од тоа утро сега се болно впиени во главите на жителите Елад Потерман и Ади Чери.Сега и двајцата во Белгија ја искажаа својата фрустрација поради она што го гледаат како напуштање од страна на поделената десничарска влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху, чија непријателска политика кон Палестинците ја сметаат за одговорна за поткопување на безбедноста на Израел.
„Тој [Нетанјаху] треба да каже: „Жал ми е, vе изневерив. Поради мене и мојата гордост, за малку ќе бевте убиенi“, рече Чери, 45-годишен белгиско-израелски економист.
Потерман и Чери опишаа како се затвориле во безбедниte соби утрото на нападот и се гужвале 12 часа, чекајќи израелските одбранбени сили да дојдат да ги спасат. Во текот на тие мачни часови, ракети летале над нивните глави, а Хамас извршил рација низ куќите низ кибуцот извикувајќи „Алаху Акбар“ [Бог е најголем] и „Масакрирај ги Евреите“.
Потерман, кој до минатата недела работеше како наставник во училиште, од безбедната соба ја испрати, како што верувал, неговата последна објава на Фејсбук: „Половина час, затворени сме со терористи дома, никој не доаѓа“.
40-годишникот рече дека ја испратил пораката додека стоел до вратата од безбедната соба држејќи секира, додека неговата сопруга Марија во едната рака го држела нивното седуммесечно девојче, а во другата нож. Ниту еден од нив не очекуваше да преживее, но бравата поставена на внатрешната страна на вратата од претходниот станар ги спречила терористите да упаднат.Во посебна безбедна просторија, Чери, нејзиниот сопруг Орен и нивните три деца ја забарикадирале вратата најдобро што можат со шкаф и стол.
Причините за таквиот спектакуларен безбедносен пропуст во нацијата која се гордее со својот разузнавачки апарат сè уште е нејасна и е огромен срам за администрацијата на Нетанјаху. Преживеаните жители биле качени во автобус и одведени во армиска база на југот на земјата, од каде требало да бидат преместени. Но, Чери веќе одлучила дека ќе ја напушти земјата. Четири дена подоцна таа и нејзиното семејство биле на летот на Ел Ал за Париз, од каде што биле превземени од нејзиниот брат и одвезени во Белгија. Семејството на Потерман пристигна следниот ден.
Тоа е работа на НетанјахуДвете семејства сакаат да ги обноват своите животи, но враќањето во Нахал Оз – што Потерман го опиша како „голема градина“ – сега е невозможно, тврдат тие. Многу од зградите и полињата околу селото беа изгорени, а Потерман и Чери рекоа дека изгубиле верба во способноста на актуелната влада да ги заштити. Во средата, Потерман и Чери заедно со другите преживеани зборуваа во делегацијата на Европскиот парламент за односи со Израел за злосторствата што ги доживеаја.
„Имам лична работа со оваа [израелска] влада“, рече Потерман. „Ја оставија ќерка ми да умре. Тоа не поминува. Никогаш нема да заборавам.”
„Тие во владата на Нетанјаху сам ќе ги извадам од Кнесетот [парламентот], со свои раце ќе го сторам тоа. Веќе почнав да организирам многу луѓе од областа кои беа исто така напуштени и сакаат да го направат токму тоа“, додаде тој.
Слично на тоа, Чери рече дека не може да спие, загрижена е за тоа што може да се случи со нејзиното семејство. Таа сè уште не му кажала на својот син дека половина од неговите соученици нема да се вратат на училиште откако биле убиени.
„Пред една недела го почнав мојот докторат по економија, се сликав како стојам на подиумот како докторирам, сега не можам да размислувам една недела напред“, рече таа. „Имавме се, а сега немаме ништо. Мислам дека ќе биде потребно извесно време да се излечи бидејќи немам доверба во владата. Не им верувам“, рече таа.
Потерман го истакна антагонизмот на Нетанјаху кон Палестинците. Премиерот е сојузник со екстремно десничарските партии, а неговиот министер за национална безбедност има убедувања што ги смета за анти-арапски расизам. Два дена пред нападот, Потерман се пожали дека човек од Верската ционистичка партија, ХаЦионут ХаДатит, изградил колиба на Западниот Брег, окупиран од Израел. Овој потег беше пи-ар трик за да се „залаже народот на Израел“ дека „ние сме сопственици и можеме да правиме што сакаме“, рече тој.
Додека конфликтот ескалира и се заканува да вклучи и други земји на Блискиот Исток, Потерман повика на „национално отрезнување“ и Израелците и Палестинците да се издигнат над лагите што им ги кажуваат нивните политичари.
„Ние сме на работ на граѓанска војна и тоа е работа на Нетанјаху. Проблемот е што голем дел од населението е подготвено да повторува лаги, кажани од политичарите со години. Она што ги држи овие видови режими е подготвеноста на луѓето да ги лажат“, рече тој. „Во моментот кога тие нема да бидат подготвени да ги лажат и ќе излезе зборот дека кралот е всушност гол, тој многу брзо се соборува“. (Политико)