Претставници на здружението „16 март 2025 Кочани“ на средба со бугарскиот амбасадор


 

Претставници на здружението „16 март 2025 Кочани“ вчера се сретнале со амбасадорот на Бугарија, Желјазко Радуков, јавуваат од самото здружение, пренесува порталот „Трибуна“.

„На средбата беа претставени клучните информации и тековните предизвици поврзани со судската постапка, како и потребата од транспарентно постапување на надлежните институции. 

Амбасадорот Радуков изрази искрено сочувство и интерес за да ги слушне нашите позиции од прва рака, како и подготвеност да ја следи ситуацијата и понатаму. Ваквите средби се значајни за нас, бидејќи ни овозможуваат да ја пренесеме вистината за случајот и нашата борба за правда пред меѓународните партнери.

Нашето здружение останува отворено за комуникација, средби и соработка со сите дипломатски мисии, институции, организации и релевантни субјекти – од земјата и од странство – кои можат да придонесат кон фер процес, независна истрага и реална институционална одговорност“, стои во соопштението на здружението.