Претставен првиот албански суперавтомобил (фото)
Во италијанскиот град Торино беше претставен првиот албански суперавтомобил, „илиријан TSX“.
Зад овој модел стои компанијата Arrera Automobili. Illyrian TSX има 6,2-литарски LT2 V8 мотор, кој испорачува 840 КС, а максималната брзина би требало да биде до 375 km/h.
View this post on Instagram
Исто така, според некои претходни информации, од 0 до 100 km/h ќе стигнуваат за 2,7 секунди.
Цената зависи од пакетот опрема што доаѓа со автомобилот, а се движи од 1,2 милиони до 1,7 милиони евра.