Претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, Бригер предложи да се разгледа стационирањето војници на Гренланд
Претседавачот на Воениот комитет на Европската унија, генерал Роберт Бригер денеска изјави дека треба да се разгледа стационирањето европски војници на Гренланд.
„Би било логично да се размислува за стационирање војници на ЕУ на Гренланд, покрај американскиот воен персонал. Овој потег ќе испрати силен сигнал и потенцијално ќе придонесе за регионалната стабилност“, рече тој во интервју за „Велт ам Зонтаг“.
Бригер укажа на огромните ресурси на Гренланд и значајните трговски патишта.