Премногу омекнувач може да ја оштети облеката, но и машината: Која е идеалната количина?


Една од најчестите грешки што луѓето ги прават кога перат алишта е тоа што ставаат премногу омекнувач, што може да резултира со оштетување на облеката и машината.

Кога ставате омекнувач, не гледајте на мерките означени на капачето бидејќи и најмалото мерење е премногу. Треба да турате што е можно помалку.

Наместо капачето користете лажица. Додадете една голема лажица омекнувач на 3,5 килограми алишта. Обична машина за перење има капацитет од седум килограми, па затоа треба да налеете две големи лажици омекнувач.

Исто така, имајте на ум дека омекнувачите со мирис може да ја иритираат чувствителната кожа, па затоа во тој случај треба да купите омекнувач без мирис.

Омекнувачите за алишта со мирис може да содржат повеќе од три илјади состојки, вклучително и фталати, за кои е познато дека се штетни за здравјето на луѓето, особено за репродуктивното здравје на мажите.