Премиерот со нов имиџ: Заев пушта брада

Промена на имиџ, фаза во животот или премногу обврски, премиерот Зоран Заев деновиве е со нов изглед. Секогаш избричен, со неколкудневната брада предизвикува внимание и позитивни коментари. Новиот имиџ на премиерот му одговара на стилот на облекување – елегантен, секогаш во костум и во кошула, со вратоврска или без вратоврска .

Заев не сме го забележале да носи иста комбинација во текот на целиот ден, во разни пригоди , што е дополнителен плус и како што налага дрес-кодот на високите функционери .

Дали премиерот навистина пушта брада или ќе се врати на првобитниот изглед, ќе видиме наскоро. Се е работа на навика. И Холивуд беше изненаден кога Џорџ Клуни и Бред Пит пуштија бради, па се вратија на избричениотизглед. Само Ди Каприо го задржа мачо изгледот бегајќи од бебешкиот изглед од времето кога глумеше во „Титаник“.