Премиерот смета дека сме му испорачале резултати на УНЕСКО


Премиерот Зоран Заев смета дека се постигнати резултати во Охрид и дека во очите на УНЕСКО е сменета сликата за градот. 
 
-Благодарение доминантно на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и на неговиот совет и општинската администрација, со сите аргументи коишто беа претставени до УНЕСКО, се смени сликата за Охрид заради резултатите што досега се постигнати.Пред сѐ мислам на изградбата на колекторскиот систем, планот за управување со Охрид, чистењето на плажите за што очекувам поддршка и од охриѓани, за да го зачуваме нашето природно и културно наследство, порача Заев од Охрид преку Фејсбук.
 
Претходно, при посетата на Охрид тој порача дека каква и да биде одлуката за Охридскиот регион Владата ќе ја почитува, но ќе му биде драго да добиеме дополнителен рок.
 

„Одлуката ни беше најавена, тоа беше дека Охридскиот регион ќе биде ставен на Листата на светски богатства во опасност. Но, благодарение на градоначалникот и општинската администрацијата, со сите аргументи кои беа изнесени и од Министерството за култура и мојот кабинет, кои се во постојана дебата вчера и денеска, навистина се менува сликата заради тие резултати што досега се постигнати,“ рече премиерот.

Според него, за ваквата ситуација не може да се лоцира одговорност, а за него е поважно да се извлечат поуки.

„Одговорноста не можете да ја лоцирате, ниту во нашите, ниту во меѓународните закони, заради тоа што тоа низ времето е дозволено сè. На крајот државите немаат за цел да санкционираат или да отвораат судски постапки, правни или какви било. Главната цел е да не се повтори тоа што го довело Охрид, Охридското Езеро и охридското крајбрежје и целиот заштитен регион за да воопшто се дискутира тоа. Да ни биде поука и да учиме“, порача премиерот.

За статусот на Охридскиот регион требаше да се гласа вчера во кинескиот град Фуџоу во Кина каде се одржува сесија на Комитетот за светско наследство при УНЕСКО. На нацрт-одлуката Охрид да се стави на листата реагирала Националната комисија на УНЕСКО на Босна и Херцеговина која поднела амандман во кој, меѓу другото, се предлага Македонија и Албанија да продолжат да постапуваат по препораките на УНЕСКО и да поднесат конечен извештај за речиси две години, а до тогаш Охрид да не се става на листата.

Инаку, градоначалникот на Охрид Константин Ѓеоргиевски најави дека дивоградбите ќе се уриваат после летната сезона, а до тогаш да не градат нови или да ги довршуваат веќе почнатите објекти.

Охридскиот регион, според последните вести, сепак, ќе добие уште една шанса пред евентуално да биде ставен на Листата на светски културни и природни наследства на УНЕСКО во опасност.Преговорите меѓу државите со спротивставени ставови завршиле, а според информациите на „360 степени“, договорено било земјава да добие уште две години рок за да ги имплементира препораките за задржување на статусот на Охридскиот регион. Одлуката треба официјално да биде донесена утре.Според извор вклучен во преговорите, компромисот предвидува прецизна листа на обврски и рокови за нивно извршување, како и строг надзор од УНЕСК ва следува откако вчера немаше консензус за да се изгласа предлог-одлуката Охрид да биде ставен на Листата на светски културни и природни богатства во опасност.