Премиерот Борис Џонсон со сопругата го очекуваат второто дете
Англија – Сопругата на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери, денес изјави дека го очекуваа второто дете .
Кери Џонсон ја објави бременоста во објава на Инстаграм во која исто така откри дека претрпела спонтан абортус на почетокот на оваа година.
„На почетокот на годината имав спонтан абортус што ме остави со скршено срце“, напиша таа. „Се чувствувам неверојатно благословено што сум повторно бремена“.
33-годишната активистка за заштита на животната средина и поранешна директорка за комуникации на Конзервативната партија рече дека сака да ја сподели вестаза нејзиниот спонтан абортус за да им помогне на другите.
Двојката се венча во мај оваа година на приватна католичка церемонија во Вестминстерската катедрала во Лондон. Нивното прво дете, Вилфред, се роди во април 2020 година.
Премиерот има четири деца со неговата втора сопруга, Марина Вилер, и е татко барем на уште едно дете надвор од браковите.
Бебето ќе биде четврто родено во мандат на британски премиер во овој век. Сопругите на Тони Блер и Дејвид Камерон, исто така, имаа бебиња додека нивните сопрузи беа на функција. (АП)