Прекинато водоснабдување во населбата 11 Октомври во општина Кисела Вода
Корисниците од населбата 11 Октомври во општина Кисела Вода, вечерва, се без водоснабдување поради уличен дефект на водоводна цевка на улица „Лазар Димитров“.
Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето е прекинато од 19:40 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
– Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 100 на улица Лазар Димитров 31. со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населбата 11-ти Октомври бараките. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 19:40 часот до завршување на работните активности, стои во соопштението.