Прегазено куче доби инвалидска количка од „Мерцедес“


Mercedes Benz и Eddie’s Wheels, компанија која создава прилагодени инвалидски колички за кучиња, соработуваа за да направат инвалидска количка за куче кое настрадало во сообраќајна несреќа во Мексико.

Animal Pad, служба за спасување кучиња, го забележала двегодишното кученце уште во април додека работела на спасувачка операција во Мексико. Тие забележале дека на кучето му недостасуваат двете задни нозе.

„Кога првпат се појавивме, сопственикот на кучето играше фудбал со својот другар“, рече Хенри Фридман, спасувач на кучиња, во видеото на Инстаграм. „Се додека неговото куче не се исцрпеше влечејќи се по земја“.

Фридман и „The Animal Pad“ го однеле кучето, кое го нарекле Бани, кај ветеринар бидејќи било нападнато од крлежи. На прегледот било утврдено дека лицето му е отечено поради каснувања од други кучиња. Лекарите исто така рекле дека кученцето никогаш повеќе нема да ги користи задните нозе. Потоа било пренесено во шелтер во Калифорнија, специјализирана единица за нега на кучиња на кои им треба исцелување. За да и ги зголемат шансите за преживување, Бани примила трансфузија на крв во специјална ветеринарна болница пред да биде подложена на значителна операција.На 1 мај, The Animal Pad објави дека операцијата на Бани била успешна.

Иако Бани целосно закрепна, ѝ требаше инвалидска количка за самостојно да се движи.

Една гледачка, длабоко трогната од маката на Бани, го коментирала оригиналното видео на Бани на ТикТок, велејќи дека таа не заслужува ништо помалку од „Мерцедес бенц  инвалидска количка“. Фридман се обратил до Мерцедес Бенц иако  мислел дека коментарот е смешен.
 „Ја пренесов идејата до Мерцедес и на нив апсолутно им се допадна“, рече Фридман.