Предизвиците на проверка на факти онлајн
Full Fact, независна добротворна организација за проверка на факти од Велика Британија и партнер за проверка на фактите генерирани од трета страна на Фејсбук, изврши истражување за главните предизвици со кои се соочуваат проверувачите на факти ширум светот при онлајн наоѓање и проверка.
Извештајот Предизвиците на проверка на факти онлајн: Како технологијата може (и не може) да помогне (The Challenges of Online Fact Checking: How Technology Can (and Can’t) Help), се базира на интервјуа со деветнаесет проверувачи на факти низ целиот свет и вклучува идеи за помагање во решавање на некои од најчестите предизвици, со фокус на партнерства со технолошки и интернет компании.
Програма на Фејсбук содржи соработка со независни проверувачи на факти од трети страни (3PFC) кои ја прегледуваат и оценуваат точноста на информациите и изјавите. Овие партнери се овластени преку непартиска Меѓународна мрежа за проверка на фактите (International Fact-Checking Network) при што мораат да го следат Кодексот на принципи на IFCN (Code of Principles). Кодексот на принципи вклучува низа обврски до кои организациите мора да се придржуваат за да се промовира исклучителност при проверка на фактите: непартичност и правичност; транспарентност на изворите; транспарентност на финансирање и организациите; транспарентност на методологијата; отворена и искрена политика за корекции.
Откако партнерот од 3PFC извесна информација оцени како лажна, изменета или делумно лажна, Фејсбук реагира на начин што ја прикажува сѐ подолу во News Feed. Наоѓањето е отежнато и на Инстаграм со филтрирање на Explore и hashtag страните и спуштање на истата подолу на Feed. Покрај тоа, содржината низ Фејсбук и Инстаграм која е оценета како лажна или изменета е истакната со соодветна ознака за корисниците да можат подобро да одлучуваат што да читаат, веруваат и споделуваат. Овие ознаки се прикажани на лажни и изменети фотографии и видеа, вклучително и на содржината од Stories на Instagram и се поврзуваат со проценката од проверувачот на факти. За содржина оценета делумно како лажна или на која ѝ недостасува контекст, се применува ознака за предупредување со помала тежина (lighter weight).
Додека пак, страниците и домените кои постојано споделуваат лажни вести, исто така, ќе добијат намалена дистрибуција и ќе се отстрани можноста за монетизација и рекламирање. Фејсбук испраќа известувања до корисници и Администратори на страницата, доколку се обидат да споделат информација, или споделиле некоја претходно за која се утврдило дека е лажна.
Во однос на содржината што може да се провери, фокусот на оваа програма за проверка на фактите е идентификување и адресирање на вирални дезинформации, особено јасни измами кои всушност немаат основа. Партнерите за проверка на факти за приоритет имаат докажано лажни тврдења, особено оние кои се навремени или трендовски и важни за просечниот корисник. 3PFC ги анализира сите видови содржина, вклучително фотографии и видеа.