Празни се скијалиштата во Италија: Губитокот за Божик е ненадоместлив


 

Италија во 2020 година може да заврши како земја со најголем број смртни случаи во Европа, поврзани со пандемијата од корона вирус, а на лошите вести тука не им е крајот.

Поради вториот бран од заразата италијанската влада донесе одлука за воведување поостри мерки со цел спречување на ширењето на епидемијата, а тиа вклучуваат и затворање на скијачките одморалишта во текот на Божик.

Провинцијата Бергамо во која беше епидентарот на пандемијата од корона вирусот, тешко е погодена и економски затоа што го губи најважниот дел од скијачката сезона, а тоа е времето околу празниците.

„Губитокот за време на Божик е ненадоместлива штета од која нема да се оправиме. Одлуката на владата е катастрофална и ненадоместлива. Обично, божиќните празници се период на приход колку за половина сезона. Покрај скијање, тука е и целата економија, а некои нема да го преживеат ова. Ние сме планински луѓе, силни и храбри, кога паѓаме, повторно стануваме“, изјави Глорија Карлети, градоначалничка на Бергамо.

„Жал ми е за луѓето кои работат овде, но од друга страна среќен сум затоа што сето ова е мое сега. Сепак, заради здравјето мора се да уредиме“, вели еден од ретките посетители.

Во Фопол, висината на снежната покривка е два метра, но тоа е залудно, затоа што одморалиштата немаат дозвола за работа. Во ова време би требало да се одвиваат подготовките за важната божиќна сезона, но од тоа, поради корона вирусот, нема да биде ништо.

Скијалиштата и жичниците изгледаат тажно, зјапаат празни и така ќе биде до 6 јануари. Тоа е голем проблем за ова место затоа што зависи од посетите на гостите во текот на божиќниот период.