Познати производители на чоколадо поврзани со сеча на либериската дождовна шума?


Некои од најпознатите производители на чоколада во светот, од „марс“ до „КитКат“, веројатно се поврзани со уништувањето на шумите во либериската дождовна шума и покрај тврдењата на многу брендови за одржливост, според истражувањето објавено денес од невладината организација „Глобал Витнес“.

Според организацијата, Либерија има најголем преостанат дел од дождовната шума Горна Гвинеја, дом на неколку загрозени видови како што се шимпанзата и шумските слонови.

Алармантна загуба на шумска покривка
Помеѓу 2021 и 2024 година, Либерија изгуби околу 250.000 хектари шума во најголемите области за производство на какао во земјата, познати како „појас на какао“, се вели во сртудијата.

Високите цени на какаото во комбинација со слабите жетви во соседните земји производители на какао поттикнаа зголемување на извозот на какао од Либерија и проширување на фармите.

Извозниците на какао во голема мера се потпираат на руралните трговци во регионот кои купуваат неселективно, вклучувајќи зрна поврзани со уништувањето на шумите, се вели во извештајот.

Сомнителна одржливост и следливост
Компаниите потоа мешаат „следливо, сертифицирано какао со неследливи зрна“ во рамките на програма за сертификација што им овозможува да го наречат таквото чоколадо одржливо, според Global Witness.

Студијата наведува дека нивното истражување „имплицира корпоративни гиганти, вклучувајќи ги Hershey, Mondelez (Cadbury), Nestle, Unilever и Mars“.

„Големите брендови купуваат неследливо какао на големо кое крие огромен отпечаток од уништувањето на шумите“, рече истражителот на Global Witness, Чарли Хаманс.

Европскиот закон е на чекање
Извештајот доаѓа во време кога Европскиот парламент се подготвува да гласа за тоа дали да се одложи стапувањето во сила на закон со кој се забранува увозот на производи што го поттикнуваат уништувањето на шумите до крајот на 2026 година.

Законот би „барал од компаниите што продаваат во Европа да докажат дека производите како чоколадото се целосно следливи и затоа не се поврзани со уништувањето на шумите“, рече Global Witness.

„Глобал витнес“ соопшти дека анализирале царински податоци што го покажуваат целиот извоз на какао од Либерија со товарни бродови во текот на изминатите три години.

Исто така, користеле податоци за загуба на шумска покривка за окрузите Бонг, Нимба и Лофа за да се пресмета количината на изгубено шумско земјиште во какаовиот појас.

Покрај какаото, „Глобал витнес“ изјави дека земјоделството во мал обем, рударството, производството на палмино масло и гумата „веројатно ќе бидат значајни двигатели на загубата на шуми“.