Познат фудбалер стана советник на Володимир Зеленски (фото)


Андриј Шевченко, легендарниот фудбалер на репрезентацијата на Украина и на италијанскиот клуб  Милан, е новиот советник на Володимир Зеленски.

Во декретот не се наведени деталите за улогата на Шевченко, пишува Киев Индипендент.

Како што беше најавено со претседателскиот декрет објавен на 26 септември, Шевченко беше назначен на позицијата „надворешен советник“.