Пожарот кај Охис е локализиран, горело и кај депонијата со линдан
Според пожарникарите, пожар избувнал на три одвоени места и затоа и било проблематично гаснењето со две возила, бидејќи останатите се испратени по други терени низ скопскиот и другите региони во земјава. Тие немаа информација дали огнот ќе предизвика последици од депонијата со екстремно отровниот линдан. Среќна можеби е околноста дека над депонијата имало малку сува трева и не би требало да бидат предизвикани последици.
Сепак, во кругот на ОХИС е повикан со свои луѓе Државниот инспекторат за животна средина, а повикан е и стечајниот управник на ОХИС со оглед на тоа што е опожарена управната зграда.
Сообраќајот по булеварот „Борис Трајковски” од безбедносни причини, но и за да имаат пристап противпожарните екипи, е затворен и сообраќајот се пренасочува кон други локални патишта.