Пожарникарите штрајкуваат – Шилегов им порача: Ќе ве замениме со нови!


Фото: Б. Грданоски

Скопските пожарникари се сретнаа со градоначаникот на Град Скопје, Петре Шилегов со барање во платата за октомври да биде внесен додатокот за опасност при работа.

Градоначалникот најави дека се вршат законски измени во пожарникарското работење и тие би требало да стапат на сила во јуни 2021 година.

-Ви се исплаќа сè што ви следува, ви овозможувам медијација за да ги добиете парите за ризик на работно место наместо да тужите еден по еден. Ако заминете, ќе има оглас, ќе примиме нови пожарникари, рече Шилегов.

За пожарникари платата која ја добиваат од 19.000 денари е понижувачка.

-Не сме задоволни од понудата на градоначаникот бидејќи овој закон можеше да се смени во изминативе три години. Ќе продолжиме со протестите пред Град Скопје, секој ден ќе протестираме пред канцелариите додека трае работното време на градоначалникот, изјави Дејан Илиевски.