Пожар во дом за стари лица во Шпанија, десет лица загинаа


Десет лица загинаа, а најмалку две се тешко повредени во пожар во раните утрински часови во домот за стари лица Жардинес де Вилафранка во шпанскиот град Вилафранка де Ебро. Пожарот е изгаснат, пренесува Хералдо.

Пожарникарите во Сарагоса во 5 утринава биле известени за пожар во дом за стари лица. Пожарот е изгаснат, а зградата е проветрена, а станарите се вселиле во дневната соба. Засега не се познати причините за пожарот и бројот на повредени.

Десет лица кои биле во зградата починале од вдишување чад.

Во моментот на пожарот во резиденцијата, наменета за згрижување на стари лица и лица со ментален хендикеп живееле 82 лица.