Повторно се затвора главниот град на Чиле и покрај вакцинацијата


 

Здравствените власти на Чиле, најавија повторно затворање на престолнината Сантјаго поради пораст на бројот на случаи со инфекција од корона вирус, покрај тоа што 60 отсто од населението ги примија двете дози вакцина.

Повеќето новозаразени не се вакцинирани, а одделенијата за интензивна нега во главниот град се пополнети 98 отсто, пренесе Би-би-си.