Повторно откажана трката со бикови во Памплона

Традиционалниот фестивал на свети Фермино во Памплона, познат по контроверзната трка со бикови, откажан е втора година по ред поради пандемијата.
„Јавното здравје е приоритет“, рече градоначалникот Енрике Маја, додавајќи дека е свесен дека одлуката за откажување на фестивалот е тежок емотивен и економски удар за жителите на Памплона.
Фестивалот е посветен на градскиот светец заштитник Фермино и од 1591 година се одржува секој мај.
Иако фестивалот обилува со бројни настани, трката со бикови е најпозната атракција.
Меѓу 7 и 14 мај секоје утро шест бикови, некои од нив тешки и по 600 килограми, трчаат низ тесните градки улици, а ги бркаат стотици луѓе. Целта на трката е градската арена, каде навечер се одвива корида.
Активистите за заштита на животни секоја година протестираат против трката и борбите со бикови, но илјадници туристи од цел свет, главно Европа, САД и Австралија, за тоа не се грижат и редовно учествуваат во трката.
Фестивалот го популаризира и Ернест Хемингвеј со романот „Сонцето повтроно изгрева“ од 1926 година.