Потрошила околу 17.000 евра за операции: „Нема да запре“ додека не изгледа како холивудската ѕвезда


Жена која потрошила 15.000 фунти (околу 16.700 евра) на пластичнi операциi, вели дека го сторила тоа за да изгледа како американска актерка Пенелопе Круз.

Моделот на Инстаграм, Ванеса Моура „се стави под нож“ четири пати досега за да го поправи обликот на носот и вели дека „нема да престане“ сè додека не биде идентична со холивудската актерка.

Бразилката признава дека не се препознава ниту себеси на стари фотографии – но вели дека повеќе и се допаѓа нејзиниот сегашен изглед, споредено со оној од пред осум години, кога започнала со операциите, пренесува „Мирор“.

“Многумина ми велат дека изгледам како Пенелопе и сум многу горда на тоа. Носот на Пенелопе е совршен, така што нема да одморам додека не го имам истиот”, изјави таа. Сепак, овие операции не се многу евтини. „Сè уште сум незадоволна од носот“. Моура има околу 465.000 следбеници на Инстаграм, а како што вели, доколку не е задоволна од некој дел од своето тело, нема проблем да го менува.