„Поточиња 2026“ на 18 и 19 април во НОБ


На 18 и 19 април во Националната опера и балет по 23. пат ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Омилените Поточиња, заедно со незаменливиот водител Поки (актерот Мартин Јорданоски) подготвија нова фестивалска приказна и со нови 17 детски песни ќе се погрижат децата да се забавуваат, да танцуваат и да пеат.

По успешното издание на „Поточиња 2025“ и голем број гостувања на детски манифестации во Скопје, низ Македонија и гостување на хуманитарен концерт во Германија, „Поточиња 2026“ треба да биде продолжение на успешната приказна која со својот квалитет ги плени срцата на најмалите љубители на музиката.

Билетите по цена од 500 денари се веќе во продажба преку мрежата МК Тикетс и онлајн на следниот линк: https://mktickets.mk/event/potochinja-2026/