Постојан замор, дигестивни проблеми, препознајте ги симптомите што покажуваат дека конзумирате премногу млеко
Млекото содржи многу здрави хранливи материи и дефинитивно треба да го пиете, но како и во сè друго – не треба да претерувате. Препознајте ги знаците дека внесувате премногу млеко!
Млекото е добар извор на протеини кои се важни за градење на мускулите, но исто така и калциум, кој им дава цврстина на коските и забите. Содржи и други хранливи материи, како што се витамин Б12, витамин А …
Значи, јасно е дека е добро да се пие млеко, но во ограничени количини, бидејќи како и сè друго, прекумерното внесување може да предизвика проблеми.
Еве како да откриете дали пиете премногу млеко.
Чести проблеми со варењето на храната
Прекумерното внесување на лактоза може да предизвика проблеми со дигестивниот тракт дури и кај оние кои не се нетолерантни на оваа состојка. Една од последиците од премногу лактоза може да биде зголемената секреција на ензимот триспин, кој ги уништува врските помеѓу цревните клетки.
Постојан замор
Научниците од Универзитетот Корнел откриле дека хроничниот замор што се јавува како резултат на зголемениот внес на млеко не може да се „излечи“ дури и со спиење, но единственото решение е да се намали внесувањето на лактоза.
Акни
Ако имате мозолчиња, млекото може да биде виновник! Имено, ако организмот е постојано оптоварен со храна што не може целосно да ја апсорбира, во организмот се јавуваат воспалителни процеси, а еден од начините да се манифестира ова е формирање мозолчиња.
Производите од цело млеко, особено млекото, можат да го стимулираат појавувањето на мозолчиња ако ги земате во прекумерни количини.
Симптоми на кардиоваскуларни заболувања
Студија спроведена во 2014 година покажа дека прекумерното внесување млеко може да предизвика разни кардиоваскуларни проблеми. Научниците утврдиле дека жените кои пијат три чаши млеко на ден или повеќе имаат двојно поголем ризик од кардиоваскуларни болести, во споредба со оние кои пијат една чаша млеко на ден. За мажите, тој процент е десет проценти.