Поставени нови канти во Тетово, час подоцна една канта оштетена
Нови 60 канти за отпадоци и 30 клупи за одмор се поставени во текот на денешниот ден низ Тетово, информираат од Јавното комунално претријатие (ЈКП) „Тетово“, но час подоцна една канта е оштетена, напиша граѓанин на Тетово во Фејсбук, објавувајќи и слика од оштетената канта.
Работниците ги монтирале кантите и клупите низ целиот град, со фокус на централното градско подрачје.
– Сите канти и клупи се донација на приватната специјалистичка дијагностичка лабораторија „Авицена“ од Скопје, која има оддел и во Тетово. ЈКП „Тетово“ го поздравува овој потег на компанијата и изразува посебна благодарност на лабораторијата Авицена за соработката. Ние како претпријатие сме отворени за соработка со сите приватни компани со цел за имаме чиста животна средина, соопштија од ЈКП „Тетово“.
Од комуналното претијатие информираат и дека во изминатите денови по изградбата на кружен тек во населбата Горна чаршија во Тетово извршиле соодветно уредување со чистење, полнење со нова земја и израмнување на површината.