Последно збогување со Брижит Бардо: Сен Тропе преполн – цвеќарниците, улиците заземени од обожуватели


Француската филмска дива Брижит Бардо, која почина минатиот месец на 91-годишна возраст, ќе биде погребана денес во Сен Тропе, монденско одморалиште на Азурниот брег, објавува Ројтерс.

Последното збогување е закажано за 10 часот наутро во црквата Нотр Дам де л’Асомпшн, додека самиот чин на погребување ќе се изврши во целосна приватност на градските гробишта.

Станува збор за местото каде што Бардо поминала децении осамен живот, скриена зад високите ѕидови на својот дом и опкружена со животни на кои им била длабоко посветена.

Граѓаните и обожавателите ќе имаат можност да ѝ оддадат почит на јавна комеморација во стариот дел од градот Ла Понс, историското јадро на поранешната рибарска населба.

Многу почитувачи на ликот и делата на познатата актерка се собраа на улиците каде што ја следеа церемонијата одржана во црквата преку видео-бимови на градските плоштади и во пристаништето.

Како што претходно беше најавено, хотелите во познатото француско одморалиште Сен Тропе на Азурниот Брег се празни со денови, а цените за сместување драматично се зголемија откако беше објавено дека актерката, која почина на 91-годишна возраст, ќе биде погребана таму, пишува Parisien.

Поради погребот на Брижит Бардо, улиците на Сен Тропе се преплавени со луѓе.
Локалните цвеќарници се исто така полни, а на улиците има забележлив сообраќаен метеж, каков што не може да се запомни овде.

Туристичката канцеларија во Сен Тропе истакнува дека во ова време од годината, таков прилив на француски гости никогаш не е забележан.

Поканата за погребот е испратена до министерот за рамноправност во владата на претседателот Емануел Макрон, Орор Берже, кој ќе биде присутен да ја претставува француската влада. Иако Бардо во интервју за „Ле Монд“ во 2018 година изјави дека сака да биде погребана во тивок агол од нејзината градина, префектурата на департманот Вар соопшти дека никогаш не добила официјално барање за таков приватен погреб.