Посебно место на гробиштата во Кочани за починатите од пожарот во дискотеката „Пулс“

Проширување на гробиштата Кочани, бесплатни парцели за починатите, бесплатни погребни услуги и црковни обреди, а они кои загинаа во пожарот во диоскотеката „Пулс“ ќе бидат погребани на посебно место одлучи Општина Кочани, на колегум што бил одржан утринава.
Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов пред да си поднесе оставка, одржал колегиуми и дал препораки до КЈП „Водовод” и до Советот на Општина Кочани, пренесе ММС.
-На колегиумот што утринава се одржа во Општина Кочани, а по трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс”, градоначалникот Љупчо Папазов даде неколку препораки за преземање активности во наредниов период. Од колегиумот е упатена препорака за целосно почитување на прогласената седумдневна жалост, со што се откажуваат сите настани од забавен, културен и спортски карактер. Упатена е препорака до Управниот одбор на КЈП „Водовод” да донесе одлука за проширување на парцелите во Градските гробишта и определување посебно место за починатите во пожарот, како и одлука за бесплатно доделување парцели за починатите и за погребните услуги коишто се во надлежност на КЈП „Водовод”, информираат од Општина Кочани и додаваат:
-Градоначалникот Папазов иницира отворање донаторска сметка во соработка со ОО на Црвен крст Кочани, на која може да се примаат донации за повредените и настраданите. На оваа сметка на Фондот на солидарноста на Црвен крст на РСМ Општина Кочани ќе донира 3 милиони денари од сопствениот буџет. Во врска со препораките произлезени од колегиумот и градоначалникот Папазов наскоро ќе заседава Советот на Општина Кочани. Во соработка со Брегалничката епархија и Црковниот храм „Свети великомаченик Георгиј” црковните обреди за покој на починатите нема да се наплаќаат, информираат од Општона Кочани.