Посакуваме да беше уште со нас: Вилијам и Хари заедно ја открија статуата на принцеза Дајана

Англија– По повод 60-тиот роденден на покојната принцеза Дијана, денес свечено беше откриена нејзината нова статуа поставена во дворот на Кензингтонската палата.

Браќата Вилијам и Хари ги оставија настрана несогласувањата и покажаа дека семејството е на прво место.
Обединети како во старите времиња, рамо до рамо, принцовите заеднички ја открија статуата на нивната мајка.
На статуата, Дијана не е сама – до неа има три деца, кои според кралското семејство, ја отсликуваат универзалноста и генерациското влијание на работата на принцезата.
Стилот во кој е претставена Дијана на статуата е инспириран од периодот по разделбата со принцот Чарлс и од времето пред нејзината смрт.
„Денес, на денот кога нашата мајка ќе го славеше 60-иот роденден, се сеќаваме на нејзината љубов, сила и карактер – квалитети кои ја направија сила за доброто во светот, менувајќи безброј животи на подобро. Секој ден, посакуваме да беше уште со нас, а се надеваме дека оваа статуа ќе се смета за симбол на нејзиниот живот и наследство“ – стои во емотивната изјава на двајцата браќа.