Португалија: Ако сè оди добро, една седмица нè дели од потполно отворање

Португалија во вторникот го премина прагот од 3 милиони поделени дози вакцини против Ковид-19, објавија здравствените власти.
„Со Азорските Острови и Мадеира веќе надминавме три милиони“, рече Енрике Гавела е Мело, координатор на Националнатата програма за вакцинација.
Речиси 800.000 луѓе примија две дози вакцина, од вкупно нешто повеќе од 10 милиони жители, а ова лето треба да се вакцинира 70 отсто од популацијата.
„И понатаму сè држиме под контрола“, рече по состанокот министерката за здравство Марта Темидо, оценувајќи дека билансот за отворање е позитивен.
„Се спуштивме под прагот од пет починати на милион жители“, нагласи таа.
Португалија во понеделникот немаше ни еден починат од Ковид-19, прв пат од август 2012 година
„Ако сè биде добро, една седмица нè дели од потполно отворање на општеството“, рече по состанокот во понеделниокт премиерот Антонио Коста.
По консултациите со стручњаците владата оваа недела ќе одлучува дали од понеделник ќе настапи последната фаза од отворањето започнато во март.
Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса треба да го разгледа предлогот за продолжување на вонредната состојба која е на сила од ноември.
Таа истекува во петок, а на властите им овозможува да носат мерки без ограничувања на одредени слободи за да се сопре епидемијата.
Повеќе од 15 отсто од популацијата на Португалија развија антитела против Ковид-19, според прелиминарните податоци од истражувањето на Националниот институт за здравство спроведено на 8.463 луѓе меѓу 2 февруари и 31 март.