Порано заминување во пензија носи еден голем ризик


 

Уживањето во заслужена пензија и поспорото темпо на живот имаат многу предности, но изгледа дека може да предизвика и послабо функционирање на наиште мозочни виуги. Во Кина, како и во многу други земји, продолжувањето на животниот век и падот на наталитетот доведоа до сѐ поголем број стара популација, што поттика воведување нов рурален пензиски систем (NRPS).

NRPS во некои подрачја на Кина им понуди на жителите стабилен приход ако заминат во пензија со 60 години. Покрај многуте придобивки на оваа програма, забележан е и еден сериозен недостаток – пад на когнитивните функции.

Забележана е намалена ментална способност

„Учесниците во програмата известија за значително пониски нивоа на социјален ангажман, значително пониски стапки на волонтирање и социјална интеракција. Сметаме дека зголемената социјална изолација силно е поврзана со побрз когнитивен пад кај постарите лица“, вели економистот Пламен Николов од Универзитетот Бингхамптон во Њујорк.

Научниците анализирале здравствени податоци на 15.990 поединци во временски рок од 10 години, со тоа што повеќето испитаници доаѓале од заедници кои го усвоиле NRPS. Забележани се некои позитивни исходи на оваа програма: пензионерите во просек почнале помалку да пијат алкохол отколку кога работеле, во голема мерка престанале да пушат и подобро спиеле.

Од друга страна, им се намалила друштвената активност и оние поврзани со менталните способности. Когнитивниот пад најјасно се гледа во тест на одложено присетување, односно способност да се присетиме на информации, пишува Science Alert.

Социјалната изолација – главна причина за когнитивниот пад

„Поединците во подрачјата кои спроведуваат NRPS имаат значително понизок резултат во овој тест од оние кои живеат во подрачјата кои не ја овозможува оваа програма. Во текот на речиси 10 години од неговата имплементација, програмата доведе до пад на когнитивните перформанси за речиси петтина од стандардната девијација при мерење на памтењето“, вели Николов.

Стручњаците сметаат дека социјалната изолација е главна причина за когнитивниот пад забележан во текот на оваа студија, што значи дека проблемот би можел да се реши со воведување дополнителни активности за старите луѓе. Истражувањето се нарекува „Дали пензиските бенефиции го забрзуваат когнитивниот пад во доцната зрелост? Доказ од рурална Кина“ („Do pension benefits accelerate cognitive decline in late adulthood? Evidence from rural China“), а објавено е во магазинот Journal of Economic Behavior & Organisation.