Поради коронавирусот, 2020 година ќе остане запаметена како најсмртоносна во историјата на САД 


 Поради пандемијата на новиот коронавирус, 2020 година ќе остане запаметена како најсмртоносна во историјата на САД. 

Пред сѐ поради новиот коронавирус, опасна и лесно заразна болест која во земјата беше буквално оставена сама на себе да беснее во текот на цела година. 

Сеуште е рано за официјалните резултати за стапката на морталитет во САД во 2020 година, но првичните бројки укажуваат дека годинава во земјата ќе починат повеќе од 3.2 милиони луѓе, или најмалку 400.000 повеќе споредено со 2019 година.  

Се проценува дека стапката на морталитет годинава ќе се зголеми до 15 проценти. 

Бројот на смртни случаи во текот на една година во САД секогаш е поголем од оној во претходната, и се работи за бројки во десетици, не стотици илјади. Според државниот Центар за контрола на заболувањата (ЦДЦ), годишниот морталитет во САД обично се зголемува за 20.000 до 50.000, но не за стотици илјади.  

Во САД во 2019 година починале над 2.8 милиони луѓе, или речиси 16.000 повеќе од претходната година, и ова се должи пред сѐ на природно зголемување на возраста и смрт од стареење на населението. 

Според експертите, 2019 година всушност била прилично добра во однос на стапката на мортелитет. Според ЦДЦ, стапката на смрт од стареење во земјата всушност се подобрила во 2019 година, односно опаднала до 1 отсто, додека просечната должина на животниот век се зголемила до 78.8 години,  

Сепак, сѐ се промени со лесното ширење на пандемијата на новиот коронавирус од јануари 2020 година. Тогаш, болеста од која брзо почнале да умираат многу луѓе се регистрираше како пневмонија, но подоцна се покажа дека тоа биле случаи на епидемија на Ковид-19.  

Во САД во 2020 година, одреден број луѓе починале и од срцеви заболувања, дијабетис и деменција.  

Годинава, исто така беше рекордна и според бројот на смртни случаи од интоксикација со наркотички средства. Податоците за 2020 година сеуште не се целосно готови, но ЦДЦ минатата недела соопшти дека имало 81.000 случаи на смрт од предозирање со дрога во 12-те месеци до мај 2020 година, или рекорден број во историата забележан во текот на 12 месеци.