Поради бизарна причина авион од Осло слета во Копенхаген


Поради бизарна причина, авионот морал принудно да слета, а за ситуацијата било „виновно“ глувчето.

Скандинавија ерлајнс објави дека еден од нејзините летови морал принудно да слета. Причината е многу необична – глушец ѕирнал од оброкот на еден од патниците.

Животното брзо избегало, а авионот превентивно бил сменет.

Авион кој летал од норвешката престолнина Осло за Малага морал принудно да слета во Копенхаген, Данска.

Глувчето што скокнало од оброкот на еден од патниците претставувало безбедносен ризик, изјави портпаролот на авио-компанијата Ојштајн Шмит. Патниците на летот подоцна со друг авион биле префрлени во Малага.

Како што опишал патникот Јарле Борестад за Би-би-си, глушецот избегал од кутијата со храна што ја отворила жената што седела до него.

Тој рече дека луѓето не биле под стрес, а патниците со насмевка го прифатиле инцидентот.

Авиокомпаниите обично имаат строги ограничувања во врска со глодарите во авионите, бидејќи тие можат да глодаат електрични жици.

Но, како што рече Шмит, тоа се случува многу ретко. Како што појасни, имаат воспоставено процедури за вакви ситуации за да не се повтори.