Поплави во Австралија: Жена загина во невремето, 20 лица спасени


Канбера – Австралиските власти соопштија дека 20 лица се спасени од поплавите во источната држава Нов Јужен Велс, додека една жена почина откако гранка од дрво падна врз неа за време на невремето.

Во главниот град на државата, Сиднеј, кој е најголемиот град во Австралија, жителите и туристите беа евакуирани доцна синоќа кога поплавите го погодија ниското предградие Нарабин, а нивото на предупредување за поплави беше намалено за областа утрово, објави Ројтерс.

Екипите за итни случаи реагираа на повеќе од 1.700 инциденти низ Нов Јужен Велс по обилни дождови што паднаа вчера, при што повеќето од спасувањата вклучуваа луѓе кои возеа низ поплавените подрачја.