Поп-ѕвездата Тамара се разведува по седум години брак: Најважни ми се децата


Јавноста и македонската естрада се во шок откако поп-ѕвездата Тамара Тодевска потврди за медиумите дека се разведува од својот сопруг, Александар Димитровски-Мачка, наш поранешен кошаркар и репрезентативец, по седум години брак.

Тие одлучиле да се разделат, но ќе останат во коректни односи поради нивните две деца, Хана и Дарен. 

-Тоа што за мене искрено е многу важно, тоа се децата, нивните права и интереси да останат заштитени. Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на децата, кои сакам да останат на страна од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично. И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив“ , изјавила Тодевска за неколку медиуми. 

 

Тамара со пријателите е несериозна, ама со децата е многу сериозна. И кога не е со нив, заради професионални обврски и патувања, тие се тука, не ги вади од уста, и гостуваат во спотови или во објавите на социјалните мрежи. Со Хана и со Дарен во 2019 дури позираше како горда мајка  во нежната фотосесија на „Алкалоид“,  за колекцијата  „Бекутан“ со која растеа и мирисаа на чисто многу генерации од целиот регион. Ексклузивната приказна од фотосесијата тогаш ја раскажа за „Независен“. 

Поп-ѕвездата периодов беше актуелна во јавноста со својот настап на „Макфест“  со новата песна „Замижи“ и со наградата Пејачка на годината на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“.