„Поместена“ границата меѓу Швајцарија и Италија
Високо во снежните Алпи, топењето на глечерите ја поместило границата меѓу Швајцарија и Италија, поради што локацијата на италијански планински дом останала спорна.
Границата меѓу овие две земји се наоѓа долж подрачјето каде водата од стопениот снег и мраз тече низ двете страни на планината, кон едната или другата земја. Но, поради топењето на глечерот Теодул, таа област се приближила до планинарскиот дом “Rifugio Guide del Cervino”, кој се наоѓа блиску до врвот Теста Гриџо (3.480 метри).
59-годишниот турист Фредерик го посетил ресторанот во домот. Ценовникот е на италијански, а не на германски јазик, а цените се во евра, а не во швајцарски франци. Сепак, на пултот нарачува парче пита и прашува: „Дали сме во Швајцарија или во Италија?“.
Ова прашање било предмет на дипломатски преговори кои започнале во 2018-та година и биле завршени со компромис минатата година, а даталите останале во тајност, пишува „AFP“.
Кога домот бил изграден во 1984-та година, неговите 40 кревети и други дрвени маси биле во целост на италијанска територија. Но, сега две третини од куќата, вклучувајќи и повеќе од креветите и ресторанот, технички се наоѓаат на југот на Швајцарија.
Договорот за промена на границите бил склучен во Фиренца во ноември 2021-ва година, но информациите за истиот ќе и бидат достапни на јавноста дури кога тоа ќе го одобри швајцарската влада, што нема да се случи пред 2023-та година.
Целиот проблем започнал по топењето на глечерот Теодул, кој изгубил речиси четвртина од својата маса меѓу 1973-та и 2010-та година. Поради тоа на површината избил нејзиниот карпест дел, што го променило првобитниот договор заснован на движењето на водата и ги принудило Италија и Швајцарија да прекројат дел од својата граница.