Полскиот министер за одбрана бара помош за борбата против дроновите од Украина

Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш денеска пристигна во посета на Киев, за да побара помош од Украина во развојот на капацитетите за борба против беспилотните летала.
– Ќе потпишеме договор за соработка помеѓу министерствата (за одбрана), но и за стекнување вештини за управување со беспилотни летала, наведе Косињак-Камиш.
Дроновите, кои можат да се користат и за офанзивни и за одбранбени цели, се во центарот на вниманието на бојното поле откако Русија ја нападна Украина пред повеќе од три години. Тие го променија начинот на кој се води војната, а земјите ширум светот се обидуваат брзо да ја совладаат технологијата.
Упадот на руски беспилотни во воздушниот простор на Полска минатата недела, кои беа соборени од борбени авиони на НАТО, ги зголеми тензиите во Источна Европа и загриженост дека војната би можела да се прошири надвор од Украина. Упадот на руски беспилотни летала минатата недела, кои беа соборени од борбени авиони на НАТО, ги зголеми тензиите во Источна Европа, објави АП. Војната меѓу Русија и Украина продолжува и покрај месеците напори на САД да ја спречат.
Упадот предизвика загриженост дека војната би можела да се прошири надвор од Украина.