Полска од Турција купува борбени дронови
Полска ќе купи 24 беспилотни летала „Бајрактар“ од НАТО сојузничката Турција, рече денеска полскиот министер за одбрана Мариуш Блажчак на полското јавно радио.
Борбените дронови ќе бидат вооружени со противоклопни проектили. Полска покрај леталата ќе купи логистички пакет за обука. Првата пратка ќе стигне во 2022 година.
Дроновите имаат напаѓачки способности и се докажале во војните во источна Европа, рече Блажчак.
Обично има воени договори со американски фирми
Дроновите „Бајрактар“ играа важна улога во неодамнешната азербејџанска победа против Ерменија во судирот за контрола на Нагорно-Карабах.
Спогодбата би требало да се потпише во текот на посетата на полскиот претседател Анџеј Дуда, која почнува во понеделник.
Полските странски воени договори главно одат со америкаски фирми. Во 2020 фискална година, Полска нарача 4,7 милијарди долари вредна американска воена опрема, според податоците на Агенцијата за одбранбена сигурност и соработка.