Положани: Мислењето на Уставниот суд нема уставно-правна логика


Владините уредби со законска сила, а и други прописи (нормативни акти) продолжуваат да важат сѐ додека Собранието со свои акти, закони и други прописи, не ја регулира важноста на тие прописи, вели во изјавата за МКД.мк професорот по уставно право Бајрам Положани.

Тој смета дека Собранието треба со сопствени уредувања на определени прашања поврзани со состојбите на пандемијата во сите области, со соодветна одредба или пропис со кој би се уредил престанокот на важноста на актите, уеедбите донесени за време на вонредна состојба.

„Да имавме реактивирано Собранние, тоа можеби веднаш со денот на престанокот на вонредната состојба ќе се изјаснеше, согласно Уставот, за овие владини уредби и други акти донесени во услови на вонредна состојба и соодветно ќе ги уредеше овие прашања. Затоа јас и јавно се залагав за повторно свикување на Собранието, бидејќи самораспуштањето беше само условно заради изборите. Мандатот на пратениците трае 4 години, ама политиката падна под влијание на други уставно-правни мислења“, вели Положани.

За мислењето на Уставниот суд за тоа дека уредбите престануваат да важат со завршувањето на вонредната состојба, Положани, кој е инаку и поранешен уставен судија, вели дека нема уставно-правна логика.

„Немаме функционално Собрание кое би требало веднаш да се произнесе за уредбите, за прашањата кои според Уставот се во надлежност на Собранието како законодавец. Не можат владините уредби да престанат да важат сами по сила на актот, одлуката на претседателот на државата, бидејќи тој како носител е дел од извршната власт и нема законодавни функции, а прописите, уредбите, со својата содржина во голем дел се во надлежност на Собранието кое со закон ги уредува тие прашања од соодветни области – здравство, економија, спорт, безбедност…“, рече Положани.

Целиот текст ТУКА