Половина час сон го подобрува расположението
Студијата исто така покажа дека десетминутната попладневна дремка може да го намали заморот, поспаноста и да го подобри расположението
Истражувањето на Националниот универзитет во Сингапур покажа дека дремката од само половина час го подобрува расположението, меморијата и будноста до четири часа по будењето.
Покрај тоа, спиењето 30 минути попладне, исто така, ja подобрува меморијата.
Студијата исто така покажа дека десетминутната попладневна дремка може да го намали заморот, поспаноста и да го подобри расположението.
Истражувањето е спроведено на 32 лица кои морале да дремат секој втор ден по 10, 30 и 60 минути. Расположението, субјективната поспаност и когнитивните перформанси беа мерени во интервали од пет, 30, 60 и 240 минути по будењето за да се споредат долгорочните придобивки од различни дремки. Сите дремките, кои се движеа од 10 до 60 минути, имаа јасни предности во однос на тоа да останете будни.