Полнети шампињони: За сечиј вкус и џеб!


Можностите за полнење се бескрајни… Комбинирајте го она што го сакате и ќе имате прекрасно предјадење, ручек или вечера за вашето семејство и драги гости.

Состојки:

шампињони 10
ајвар 5 лажици
колбаси 100 гр
сирење 200 гр
маслинки 5
кашкавал 150 гр
маслиново масло 2 лажици

Подготовка:

Во тавата ставете хартија за печење. Измијте ги шампињоните, исушете ги и извадете ги нивните стебла. Ставете ги во тавче, па наполнете ги со ајвар до половина од вдлабнатината. Над ајварот додадете парче колбас и сечканите маслинки.

Згора на тоа додадете парчиња сирење и на крај рендан кашкавал. Печурките прелијте ги со маслиново масло и ставете ги во загреана рерна да се печат околу 30 минути на 200 степени.