Полнети пиперки по грчки рецепт


Полнетите пиперки по рецепт на готвач од Грција станаа омилено јадење за многумина!

Тие се совршен спој на традицијата и грчката кујна која ќе ве освои уште при првиот мирис и залак! Готови се за само 25 минути, многу лесно се прават и можете да ги јадете без грижа на совест, бидејќи се здрави!

Состојки:

6 пиперки бабури
360 гр туна
250 мл грчки јогурт
лажица сенф
1 млад кромид
сок од половина лимон
80 гр кикирики
сол и бибер
50 гр кашкавал

Како се прават?

Земете ги пиперките, исечете ги на половина, ставете ги во плех и печете ги во рерна на 220 C околу 20 минути. За тоа време направете го филот. Измешајте ја туната, грчкиот јогурт, сенфот, кромидот, сокот од лимон и кикириките. Зачинете со сол и бибер. Наполнете ги пиперките, на крајот додадете го ренданиот кашкавал и печете уште 5 минути на 220 степени.