Политичарка предизвика хаос во Италија поради нејзините потези на инаугурацијата

Новата градоначалничка на италијанскиот град Болцано, Катарина Зелер, предизвика голем скандал за време на нејзината инаугурација на оваа позиција поради нејзиното одбивање да носи тробојна лента во боите на Италија.
На видеото од Градското собрание можете да видите како нејзиниот претходник Дарио Дал Медико симболично ѝ ги врачил клучевите од градот, а требало и да ја пренесе лентата во боите на Италија, која новата градоначалничка треба да ја носи преку рамо.
Сепак, во тој момент, Зелер го прашалa:
„Дали навистина морам? Ајде да го оставиме тоа настрана“, рече таа, што предизвика и негодување кај Медико.
La neosindaca di Merano Katharina Zeller rifiuta di indossare la fascia tricolore pic.twitter.com/lduCdHtA85
— Repubblica (@repubblica) May 19, 2025
Овој нејзин потег предизвика бурни реакции кај политичарите, а меѓу оние што реагираа беше и сенаторот Матео Гелмети, кој ја претставува партијата на актуелниот премиер на Италија, Џорџа Мелони (Браќа на Италија).
„Ова е скандал против Републиката“, изјави тој.
„Ова е сериозен чин против сите Италијанци. Се надевам дека сите жители кои зборуваат италијански и гласале за вас, сега сфаќаат колку ги цените. Можеме само да замислиме какво внимание ќе им се посвети за време на мандатот“, рече политичарот Кристијан Бјанки.
Зелер брзо се огласи, велејќи дека нејзиниот гест не треба да се сфати како презир кон симболите на Италија. Меѓу другото, таа изјави дека во Градското собрание е вообичаено на новиот градоначалник да му се додели официјална значка со грбот на градот.
„Во овој контекст, инсистирањето на Дал Медико, кој сакаше да ме натера да ја носам лентата на присилен начин, го сметав за провокативен гест и јасен знак на институционална грубост“, рече таа.
Зелер е 32-годишна адвокатка и членка на германската јужнотиролска автономистичка партија Südtiroler Volkspartei (SVP). Нејзината мајка е сенаторката од СВП Јулија Унтербергер, а нејзиниот татко е поранешниот сенатор Карл Зелер.