Полицијата упадна во куќата на поранешниот претседател на Киргистан
Киргистанските специјални сили денеска извршија рација во домот на поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев, кој се соочува со обвиненија за корупција и злоупотреба на службената должност.
Медиумите објавуваат различно за тоа што се случило со Атамбаев. Една телевизиска станица објави дека е уапсен и однесен на непозната локација, додека неговите блиски соработници и приврзаници собрани пред куќата тврдат дека тој не бил уапсен.
Локалните медиуми објавија дека неколку лица се повредени од оружје, а меѓу нив е и еден новинар.
Киргистанскиот Парламент го укина имунитетот на Атамбаев во јуни. Оттогаш неговите приврзаници постојано се надвор од неговиот дом во селото Кои-Таш, на 20 километри јужно од главниот град Бишкек.