Полицаец примил 400 евра поткуп за приведено лице да не оди зад решетки
Како што информира МВР, на 24.08.2022 во Тетово, при вршење увид и лишување од слобода на едно лице, пријавениот од роднина на лицето примил поткуп од 400 евра за наводно да му помогнел за неодредување на мерка притвор.
Против полицискиот службеник е поднесена и иницијатива за покренување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување од работното местото до завршување на дисциплинската постапка, соопштија од полицијата.