Поднесено обвинение за убиство на извршниот директор на UnitedHealth
Њујорк – Луиџи Манџионе, човекот обвинет за убиството на извршниот директор на UnitedHealth, Брајан Томпсон на улица на Менхетен овој месец, е официјално обвинет за убиство, соопштија обвинителите.
„Овој вид намерно, насочено вооружено насилство не може и нема да се толерира“, наведе окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег во соопштение со кое го објави обвинението.
Манџионе, уапсен по петдневна потера, е обвинет за убиство на Томпсон на 9 декември пред хотел на Менхетен пред конференција на компанијата.
Според пријателите и објавите на социјалните мрежи, Манџоне страдал од хронични болки во грбот што влијаеле на неговиот секојдневен живот, иако не е јасно дали неговата здравствена состојба имала улога за пукањето. Тој е обвинет за убиство од прв и втор степен, како и за поседување оружје, соопштија обвинителите.