Поднесени 91 амандман на законот за Агенцијата за национална безбедност


Во случај изборите да се одржат на 28 јуни новиот собраниски состав би се конституирал околу 18 јули. Според тоа, Северна Македонија, најверојатно, ќе заокружи најмалку пет месеци без функционален парламент

Членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност расправаат по вкупно 91 амандман по Предлог-законот за Агенцијата за национална безбедност.

Од досега разгледаните на седницата прифатени се амандмани со кои мандатот на директорот и на заменикот на Агенцијата е прецизирано да биде четири години со право на реизбор, додека работниот стаж потребен за овие функции од 15 е намален на 12 години.

Главно расправата по амандманите тече помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и пратеничката Фросина Ременски Ташевска, околу прецизирање и дообјаснување на некои законски членови.

Директорот на Агенцијата ќе може да го оствари правото на пензија согласно законските одредби за возраст или работен стаж, што според Ременски остава правна несигурност и можност за флексибилно толкување.

Според неа, потребно е статусот овластено службено лице што би го имал директорот да може да оди во пензија со 40 години работен стаж.

Утврдено е дека треба да се направи безбедносна проверка на кандидатот за директор преку националните бази за безбедност да се утврди дали има криминалистичко досие.Во таа насока директор неможе да ја извршува функцијата доколку има недостојни активности во минатото, беше заклучено на седницата на Комисијата.

Членовите заеднички констатираа дека оваа функција неможе да ја извршува лице кое има правосилна судска пресуда, а разрешувањето на директорот на Агенцијата може покрај по иницијатива на Владата која и го именува да биде и по иницијатива на надзорните собраниски тела. Тоа е во насока на зајакнување на надзорот и контролата врз работата на Агенцијата за национална безбедност.

Пратениците расправаа и за мерката набљудување која може да ја применува Агенцијата, при што беше нагласено дека тоа значи тајно прибирање оперативни податоци без тонско снимање.

За ова, пратеничката Ременски, оцени дека е потребно во законот да се прецизира мерката набљудување без технички средства, бидејќи како што рече, има најмалку десет видови набљудувани. Затоа, нагласи, е потребно да се прецизира што опфаќа набљудувањето под апарати и надзорни камери…

Седницата ќе продолжи по кратка пауза на која ќе бидат разгледувани и останатите амандмани на Предлог-законот за Агенцијата за национална безбедност.