Почна штрајкот во седум германски аеродроми, откажани 2.300 летови

Во седум германски аеродроми денеска се одржува 24-часовен штрајк кој може да погоди речиси 300.000 патници, додека членовите на синдикатот бараат зголемување на платите.
„Утрово терминалите се празни“, рече портпаролот на аеродромот во Хамбург додавајќи дека таму се појавиле само мал дел од очекуваните 32.000 патници.
Според податоците на здружението АДВ аеродроми, со откажување на 2.340 летови од аеродромите во бремен, Дортмунд, Франкфурт, Хамбург, Хановер, Минхен и Штудгарт погодени се околу 295.000 патници.
„Кога утрово ги видовме терминалите на аеродромите, повеќе не потсетија на најтешките денови од пандеимјата со корона вирус, отколку на предупредувачки штрајк“, вели Ралф Бејзел од АДВ за телевизиската куќа „Бајеришер рандфанк“.
Германскиот синдикат Верди, штрајкот го најави во средата, со појаснување дека преговорите за колективните договори за персоналот на земјската служба, вработени во јавниот сектор и работните кои работат на безбедност на водушниот сообраќај незначително напредувале.
„Ако по прашањето на плати сега ништо не се преземе, сите нѐ чека едно хаотично лето“, рече денедка за „Инфорадио“ заменичката-претседател на Верди, Кристине Бахле.
„Ова е пригода за праќање еден навистина силен сигнал“.
Штрајкот се поклопува со одржувањето на 59. Минхенска конференција за безбедност.
Романскиот министер за надворешни работи, кој требаше да долета со еден од откажаните летови, место во Минхен ќе слета на австрискиот аердром, а потоа ќе се вози до Минхен уште четири часа за да стигне на конфенренцијата.