Почина жената која ги измисли нудлите


Индонежанката Нунук Нуражани, творец на рецептот за инстант нудли кои се продаваат ширум светот, почина на возраст од 59 години, соопшти компанијата Индофуд.

Таа речиси 30 годин работеше како менаџер во одделението за развој на вкусови на комапанијата, пренесе Би-би-си.

Брендот „Indomi” стана синоним за инстант нудли во индонезија каде многумина израснаа јадејќи ги производите на овој бренд, а овие вкусови набрзо станаа популарни и во другите делови од светот.

Муражани го осмисли култниот вкус на овој бренд „ми горенг”, но и „индоми сото”, „рендаг” и други.